По барање на одбраната, судењето за организаторите за настаните на 27-ми април се одлага, информираат од Кривичниот суд.
– Заради интерес на медиумите кои го следат судењето за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан организирање на настаните од 27 – ми април во Собранието на Р.С.М. ја информираме јавноста дека по барање на одбраната која истовремено е повикана на јавна седница во Апелациониот суд – Скопје, расправата во Кривичниот суд се одлага. Судењето ќе продолжи на 2 јуни во 10 часот за што се известени и странките во постапката – велат од Кривичниот суд преку соопштение.