– Како е можно во Италија, Франција, Шпанија и во дел од скандинавските земји, а и во Германија, степенот на смртноста и заразеноста од коронавирусот да биде поголем од земјите на Балканот? Нема рационален одговор. Овде старосната структура на населението не е премногу различна. Но во развиените земји е раширенa практиката старите лица да се враќаат во домови. На Балканот, во земјите што беа социјалистички, кај старите лица е правена вакцинација, но на Запад таа не е задолжителна, а во западните земји нема ни примарна здравствена заштита и јавното здравство е целосно занемарено.
Сѐ уште, покрај сите лоши искуства, јавното здравство кај нас постои. Сѐ уште можам да одам во амбуланта и да се нервирам што чекам ред и што се нељубезни, но ќе добијам рецепт за бесплатен антибиотик – изјави Жарко Папиќ, доктор за економски науки и со дипломатско искуство во меѓународните институции, во разговор за „Ал џезира“, за тоа дека пандемијата ги откри слабостите на развиените западни демократии.