Како млад истражувач кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Мајкл Кинч сакаше да ја реши најголемата медицинска загатка – како да пронајде вакцина против ХИВ. Но, десетици добро финансирани лаборатории се обидуваа да го решат овој проблем, па се чинеше дека решението и Кинч премина на други цели, пренесува Блумберг.
Повеќе од 30 години и 30 милиони смртни случаи подоцна, сè уште нема одобрена вакцина против ХИВ, па ова е предупредувачка приказна за секој што очекува вакцина против коронавирус во текот на следната година, наведува Кинч, поранешен развивач на лекови, кој сега е вонреден вицеканцелар на универзитетот „Вашингтон“.
– Има вградена претпоставка дека ќе има вакцина. Ние треба да пристапиме кон неа многу трезвено – ијзави Кинч.
Додека случаите за коронавирус во светот ја надминаа бројката од 750 илјади, владите, инвеститорите и јавноста со нетрпение ја следат трката за испорака на вакцини против коронавирус, кои би можеле да ги спречат идните инфекции. Истражувачите се сметаат за спасители кои ќе испорачаат терапии и вакцини потребни за да го поразат коронавирусот, а претседателот Доналд Трамп ги повика производителите на лекарства „да го сторат тоа“.
Меѓу поголемиот дел од јавноста, вакцините се прифаќаат како безбедеен и директен начин за справување на коронавирусот. Тие обично се поевтини од лековите и можат да понудат заштита со децении, практично за целиот живот. Но, создавањето на нова вакцина не е лесно. Повеќето вакцини поминуваат низ повеќегодишни тестирања пред да стигнат до јавноста, па 12 до 18 месеци би биле извонредно брзо време за развивање на вакцината против коронавирус вели Кинч.
Дури и вакцините засновани на испробани методи често имаат несакани ефекти што би ја ограничило или забранило нивната употреба. Вакцината против денга-треска на „Санофи“ може да ги влоши симптомите кај некои луѓе кои сè уште не биле заразени, ограничувајќи ја употребата и вакцина против заболување од лајмската болест, развиена од „Смит Клајн Бичам“, беше повлечена во 2002 година, поради можноста за предизвикување на артритис.
– Луѓето се многу пооптимистички настроени за вакцина отколку од колку што треба – рече Дмитриј Кузмин, управувачот и партнер во „4БИО Капитал“, фирма за вложување капитал со седиште во Лондон.
Истражување на новиот вирус во голема мерка е непроверено, вели Холден Торп, главен уредник на списанието „Наука“, кој посочува дека нема никакви гаранции дека ваквите вакцините ќе ги постигнат своите амбициозни цели. Брзањето во процесот би можело скапо да ги чини и општеството и вербата во науката, смета тој.
– Постои загриженост дека надежите кај луѓето ќе пораснат и тие ќе мислат дека ќе дојдеме до откритие порано, што ќе биде деморализирачки ако не можеме да го сториме тоа. Долгорочно, јас сум загрижен дека ако се покаже оти процесот не се одвива доволно брзо, би можело да има трајна штета – заклучува Торп.