Според некои процени, вакцината би можела да биде достапна и кон крајот на годината, но според други за тоа е потребно многу повеќе време, па дури и до 18 месеци

Светските научни центри речиси на сите континент ги вложуваат сите свои ресурси и знаења во борбата против пандемјата од коронавирусот во обид да пронајдат вакцина што ќе го спречи масовното ширење на заразата. Во светската јавност се шират информации дека некои од научните центри веќе изолирале материјали за вакцина, но дека нејзината општа примена е процес за кој е потребно повеќе време.

Според некои процени, вакцината би можела да биде достапна и кон крајот на годината, но според други за тоа е потребно многу повеќе време, па дури и до 18 месеци. Меѓу најпознатите научни центри што се во меѓусебна трка за вакцина се Коалицијата за иновации за подготвување епидемиска подготвеност во Норвешка (ЦЕПИ), истражувачите од Соединетите Американски Држави од Масачусетс-Модерна, како и тим истражувачи од Австралија.

Четириесет и пет млади здрави волонтери почнаа да учествуваат во испитувањето на вакцината од Модерна во Институтот за здравствени истражувања „Кајзер Перменте Вашингтон“ во Сиетл на 16 март годинава.
Тим спонзориран од ЦЕПИ во Австралија, пак, користи „шилести протеини“ од надворешната страна на вирусот. Протеинот на вирусен шил се врзува за рецепторот на површината на човечката клетка наречена АЦЕ2 (ензим што го конвертира ангиотензин 2). 


Кина одобри клинички испитана вакцина против корона

Кина ја одобрила првата клинички испитана вакцина против коронавирус, соопштил весникот „Пиплс дејл“ на владејачката Комунистичка партија на Кина, а пренесува „Ројтерс“.
Истражувањето го водел Чен Веи од кинеската воена и научна академија.
Првиот случај на вирусот ковид-19 во светот е регистриран во кинескиот град Вухан, каде што досега во Кина се разболеле 80.881 лице, додека починале 3.226 лица.