НАСА предупреди дека плановите за воспоставување постојана база на Месечината може да бидат одложени за една година. Даг Ловеро изјави дека лунарната базна станица „Порта“ може да биде одложена за една година или повеќе, бидејќи НАСА прави промени во дизајнот и намената.
Минатата недела тој му рече на советодавниот комитет дека трошоците и техничките предизвици може да ја принудат НАСА да го промени крајниот рок за постигнување на своите цели на Месечината. Сепак, тој истакна дека нема да го напуштат проектот „Порта“.
Критичарите сметаат дека крајниот рок на Белата куќа и НАСА за враќање на Месечината до 2024 година и формирање лунарна база до 2028 година повеќе е наменет за политичка корист отколку за напредок во вселенското истражување.
НАСА првично планирала да слета на Месечината во 2028 година, но „Волстрит журнал“ тврди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја избрала 2024 година за да се совпадне со теоретскиот крај на неговиот втор претседателски мандат.