Кодовите на интернет и секаде каде што е предвидена нивната упототреба ќе останат МК и МКД, а на регистерските таблички ќе стои НМК, појасни премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања и прецизирајќи ги деталите околу договореното со Грција и за тоа како сето тоа би се променувало и практично и како временски би течел процесот.
-На регистерските таблички ќе би ставено НМК за да не провоцираме, рече Заев.
Договорот ќе биде валиден, откако ќе биде ратификуван од двата парламента, македонскиот и грчкиот, по референдумот во земјата и уставните измени.
Во врска со начинот на кој новото име ќе се воведе за внатрешна употреба, Заев појасни дека ќе се употребува со отворање на секое поглавје.
– За внатрешна употреба ќе се воведува со отворање на секое поглавје не подоцна од пет години. На пример при отворање на поглавјето за образовние не подоцна од пет години, кога дипломите од нашите универзитети мора да бидат променети со новото име. Дел од внатрешните промени нема да можат да бидат опфатени со поглавја, што значи дека конечно внатре се употребуваат со полноправно членство во НАТО – додаде Заев.
Појасни дека околу опсегот во внатрешноста македонската придавка ќе се користи за се што произлегува од идентитетот и јазикот, секаде ќе се употребува македонски, македонска, македонско.
За се што е поврзано со државните институции, службено и официјално ќе биде согласно новото име.
– Со прифаќањето на уставните измени тоа значи со промена на Уставот и конечното ратификување на договорот во Грција оваа влада ќе биде влада на Република Северна Македонија, но ќе зборуваме за македонска влада – рече Заев.
На прашањето какви отстапки направила Грција во процесот на преговорите, Заев истакна дека го прифатила македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
-Тоа се нивните отстапки. Ја разделивме хеленистичка од наша Македонија- рече Заев.