Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф Гебелс. Министерот Роберто Алвим за време на доделување на наградите за уметност, во видео на Твитер зборувал за наградите и за „јуначката“ и „национална“ уметност.
– Бразилската уметност во следната деценија ќе биде јуначка и национална, ќе биде поддржана од силни можности за емоционална поврзаност и длабоко поврзана со силните аспирации на нашите луѓе или нема да вреди ништо – рече Алвим во шестминутното видео во кои зборуваше за Националните награди за уметност.
Делови од говорот биле идентични со говорот кој е цитиран во книгата на Јозеф Гебелс. Во позадина на говорот свирела операта Лоенгрин од Ричард Вагнер, најомилениот композитор на Адолф Хитлер.
Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро го опиша неговиот говор како „несреќен“.
– Ги отфрламе тоталитарните и геноцидните идеологии како нацизмот и комунизмот, како и секоја поврзаност со нив. Изразуваме наша потполна и неограничена поддршка на еврејската заедница со кои сме пријатели и делиме многу заеднички вредности – напиша претседателот на Твитер.