Поранешниот тренер на Реал Бетис, Кике Сетен е потврден за нов тренер на Барселона по неизбежниот отказ кој го доби Ернесто Валверде, откако Чави и Роналд Куман решија да ја одбијат шансата да станат тренери на својот поранешен тим.
Позицијата на Валверде на клупата на Барселона стана неодржлива по елиминацијата во Суперкопа од Атлетико Мадрид, и сега на секогаш „жешката“ позиција доаѓа Сетен со договор до 2022 година.
Кој точно е Сетен?
Тој беше талентиран фудбалер од средниот ред на Расинг Сантандер, каде што помина осум години и имаше 205 настапи и 43 гола. По ова, тој играше за Атлетико Мадрид и Логроњес, пензионирајќи се како фудбалер на Леванте.
Сетен почна со тренерската кариера во Расинг во 2000, по што работеше како тренер на Поли Ехидо и Логроњес, пред да стане селектор на репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја. Тој се врати во Шпанија за пет години да биде тренер на Луго, по што замина во Лас Палмас, каде што ги спаси од испаѓање и го покажа својот талент за интелигентен фудбал со многу додавања и посед на топка.
Импресивните резултати со малиот клуб од Канарските Острови го предизвика вниманието на Реал Бетис, кои го поставија тренер во 2017. Во првата сезона со тимот, тој ги врати во европските натпреварувања, со 5-3 го доби градското дерби со Севилја и ги предводеше до шестото место. Таму тој ги „создаде“ Фабијан Руиз и Жуниор Фирпо, кои потоа заминаа од клубот.
Втората сезона започна ветувачки, но на крајот тимот заврши во средината на табелата и си замина од Бетис и покрај тоа што имаше уште една година од договорот.
Фановите на Барса би требало да се сигурни дека тој ќе донесе убав, напаѓачки фудбал со неговата фаворизирана 4-2-3-1 формација, која му носеше споредба со легендата на Барсас, Јохан Кројф.
– Се сеќавам кога дојде Барса на Јохан Кројф. Против нив цело време трчавте по топката. Веднаш ми се допадна таквата игра и посакав да бидам во таков тим. Решив да го правам тоа во текот на мојата кариера и дури тогаш почнав навистина да го анализирам фудбалот – изјави лани Сетен.