Околу 600 сурфери облечени како дедомразовци избраа штици са сурфање наместо санки, за време на годишното собирање средства за време на празниците, на Кокоа бич во Флорида.
Речиси 10.000 посетители ги гледаа дедомразовците додека сурфаа, пренесе АП.
Сурферите собраа околу 40.000 долари од кои дел се наменети за сурферскиот музеј во Флорида, а останатите за непрофитна организација која им помага на лица заболени од рак.