Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за ситуацијата во Украина, во пресрет на самитот во нормандискиот формат, што, како што се очекува, ќе се оддржи на 9 декември во Париз.
– Владимир Путин го информираше претседателот Макрон дека во водите на Црно море е изведено предавање на три воени бродови на украинската морнарица што биле вмешани во провокации во подрачјето на Керчкиот теснец – се наведува во соопштението на Кремљ.
Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија и за прашањата на билатералната соработка.