Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 20 часот и 56 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 километри западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3,2. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје и Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од три степени според истата скала.