Ел Салвадор им нареди на дипломатите oд Венецуела да ја напуштат државата за 48 часа, соопштија властите.
Како што се наведува, одлука е во согласност со нивната позиција дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро е нелегитимен.
Во соопштението се нагласува дека тие го признаваат лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо како привремен претседател до одржување на предвремени избори во таа држава.