Пронајден е затвореникот кој утрово успеа да им побегне на затворските чувари додека купувале сендвич.
Од МВР потврдија дека затвореникот бил пронајден околу 17.30 часот во близина на селото Пресница, во општина Липково.
Тој утрово побегна од возилото со кое полицијата го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед.
Како што претходно беше јавено, полицајците ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, но и поради тоа што затвореникот немал лисици на рацете.