Португалецот 14 сезони едноподруго постигнува голови во ЛШ и сега со 127 погодока има 15 повеќе од Меси
Португалецот Кристијано Роналдо постигна еден од трите гола за Јувентус во победата над Баер во 2-то коло од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) и се зацврсти на врвот на листата на стрелците во елитното европско клупско натпреварување, сега со 127 гола, односно вкупно 130 во куповите на УЕФА.
Роналдо стана играч со најмногу победи во ЛШ, 102 (една повеќе од неговиот некогашен клупски колега од Реал Мадрид, голманот Икер Касилјас од Шпанија). Португалецот сега 14 сезони во низа постигнува голови во ЛШ, со што се израмни со Шпанецот Раул и со Аргентинецот Лионел Меси, а Баер е 33-от тим против кој постигнува гол во ЛШ (Меси на својата листа има 40 тима).
На вкупната листа на стрелци само двајца постигнале повеќе од 100 гола (Меси до завчера имаше 112), а вкупно седум фудбалери барем 50. Од активните фудбалери своја трка за четврто место имаат Французинот Карим Бензема од Реал Мадрид, со 60 гола (11 помалку од третопласираниот Раул) и Полјакот Роберт Левандовски од Баерн, кој со двата гола во победата над Тотенхем со 7-2 сега има 56, колку што има и Холанѓанецот Руд ван Нистелрој. Листата со барем 50 гола во ЛШ ја заокружува Французинот Тиери Анри, со рамно 50.
НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ЛШ
ФУДБАЛЕР ГОЛОВИ КЛУБОВИ
Кристијано Роналдо 127 Манчестер ј., Реал М., Јувентус
Лионел Меси 112 Барселона
Раул 71 Реал, Шалке
Карим Бензема 60 Лион, Реал Мадрид
Руд ван Нистелрој 56 ПСВ, Манчестер ј., Реал М.
Роберт Левандовски 56 Борусија Д., Баерн
Тиери Анри 50 Монако, Арсенал, Барселона
Извор: УЕФА