Најславната македонска пливачка, охриѓанката Атина Бојаџи, на денешен ден во 1969 година, го преплива каналот Ламанш. Со овој голем подвиг, таа остана засекогаш запаметена како една од првите жени во светот што го преплива страшниот канал. Таа за своите успеси го добила прекарот Охридскиот делфин.
Патеката долга 50 километри, Бојаџи ја преплива за 13 часа и 20 минути. Нејзиниот успех шест години подоцна е овековечен во филмот „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов, со Нена Арнериќ во главната улога.