Рубен Мартинез, единаесетгодишно момче од Ел Пасо, ги поттикна луѓето од градот да изведат „случаен чин на љубезност“ со цел да помогнат луѓето и градот да се опорават од болката нанесена по нападот што се случи во неделата, пренесува „Њујорк пост“.
Наречен „ЕлПасоПредизвик“ на социјалните мрежи, Мартинез ги повика сите да направат 22 добри дела во чест на 22-те лица кои беа убиени во нападот кој се случи во трговскиот центар Волмарт во Ел Пасо.
– Ова ќе покаже на светот дека луѓето од Ел Пасо се љубезни и се грижат едни за други – вели Мартинез.
Неговата мајка, Роуз Гандарила, изјави дека првиот чин на љубезност на нејзиниот син било да однесе вечера на преживеаните од нападот.
– Се чини дека тоа што тој го стори го прави посреќен и се надева дека еден ден целиот свет ќе биде подобар благодарение на овие чинови на случајна љубезност – вели Гандарила.