Според законот кој стапи на сила во Холандија, забрането е да се носи облека која го прекрива лицето, како што се бурки и нихаб и тоа во јавниот сообраќај, владините згради, здравствените и образовните институции.
Холандија, која долго се смета за бастион на толеранцијата и верските слободи, е последна во низата европски земји кои воведоа таква забрана, пренесе „АП“. Според неа, тоа го направиле Франција, Германија, Белгија, Австрија и Данска.
Муслиманските групи за човекови права се спротивставија на законот чиешто официјално име е „делумна забрана за облека која го прикрива лицето“.
Исламската политичка партија од Ротердам најави дека ќе плати казна од 150 евра за секој кој ќе биде фатен дека го прекршил законот.