Делегација на Северна Кореја во Обединетите нации ги обвини САД дека се „насочени кон непријателски акти“, и покрај неодамнешната согласност меѓу двете држави за продолжување на преговорите за денуклеаризација, пренесува Би-би-си.
Овие тврдења доаѓаат по историската средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи. Пријателските односи помеѓу двете земји се нарушени и Северна Кореја ги обвинува САД дека се обидуваат да ја подријат мирната атмосфера на Корејскиот Полуостров.
Делегацијата на Северна Кореја, наводно, го критикува писмото во кое членки на Обединетите нации бараат дополнителни санкции кон Северна Кореја поради прекршување на договор за ограничен увоз на рафинирана нафта во 2017 година.
– Се обидуваат да го нарушат мирот на Корејскиот Полуостров. Сосема смешно е САД и Обединетите нации да гледаат на санкциите како лек за сите проблеми – е ставот на Северна Кореја.
Уште нема одговор од САД на изјавата.