МВР привеле 223 лица по вчерашните инциденти во градскиот парк, кога дојде до меѓусебна пресметка помеѓу полските навивачи.
Министерството соопшти дека против нив се поднесени соодветни поднесоци пред надлежен суд за прекршоци.
Навивачите се степаа вчера попладне, непосредно пред почетокот на фудбалскиот натпревар во рамки на квалификации за „ЕП 2020“ помеѓу репрезентациите на Македонија и Полска. Полицијата интервенираше, а приведените напаѓачи со автобуси на ЈСП беа однесени во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров на понатамошна постапка.