Шефовите на државите традиционално си разменија подароци за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во
Британија. Првата дама на САД , Меланија Трамп забележала дека кралицата Елизабета секогаш носи брош како омилен моден додаток, па одлучи да ја изненади со таков подарок.Брошот на Елза Перети, кој Меланија ѝ го подари на кралицата, вреди
880 долари. Од канцеларијата на првата дама кажаа дека брошот доаѓа во соодветно пакување со мотиви на Белата куќа, сместен во црвена кожена кутија.Во меѓувреме, принцот Филип доби персонализирана пилотска јакна, што му е од особена важност бидејќи своевремено бил пилот.
За возврат, кралицата на американскиот претседател му го подари првото издание на „Втората светска војна“ од Винстон Черчил од 1959 година и триделен сет на пенкала „дуофолд“. А Меланија доби сребрена кутија со рачно изработени детали од Бакингамската палата.