Педесет и петгодишна жена од селото Јанковац била пронајдена почината во куќа на пријатели од истото село.
Според изјавите на присутните во куќата, таа пред два дена, вечерта со сопругот отишла на гости. Околу 22.30 часот на жената и се слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала.
– Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција – велат од МВР.