Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев денес попладне ја остварија првата средба во претседателската вила на Водно, откако петтиот претседател стапи на функција.
Премиерот Заев не присустрвуваше на инагурацијата на Пендаровски поради тоа што беше на одмор од 10 до 14 мај.
Од кабинетот на Пендаровски рекоа дека не се предвидени изјави за медиумите, туку по завршувањето на средбата ќе биде испратено соопштение.