Членови на суданските безбедносни сили смртно застрелале шест лица, вкучувајќи и еден офицер во армијата, во синоќешните судири со демонстрантите кои претходно го срушија од власт претседателот Омар ал-Башир минатиот месец, пренесува британски „Гардијан“.
Насилствата се случиле во централното подрачје на главниот град Картум, а поголемиот дел од повредените и убиените биле дел од луѓето кои ги бранеле поставените барикади кои се појвија во градот.
Неколку часа претходно, суданските обвинители објавија дека го осудиле Башир за поврзаност со убивање и поттикнување на убивање на демонстранти за време на протестите, пренесе државната новинска агенција на Судан.
Овие убиства се први сериозни судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите уште од првите ноќи од протестите на 6 април, кога повеќе од 20 лица беа убиени од страна на Националната безбедносна и разузнавачка служба, меѓу кои и неколку војници.