Британската премиерка Тереза Меј останува на нејзината одлука да поднесе оставка по завршувањето на „првата фаза” од брегзит, за да го отвори патот на новиот лидер да преговара за втората фаза од брегзит, соопшти денеска нејзиниот портпарол.
-Премиерката му даде великодушна и храбра понуда на Комитетот 1922 (влијателна конзервативна група) пред неколку недели да ја надгледува првата фаза од брегзит, а потоа да замине и да дозволи пристигнување на ново водство во втората фаза, изјави портпаролот за новинарите.