Натпреварувањето за кучињата птичари се случува во етапи од по 15 минути, а во зависност од расата постојат шест дисциплиниНатпреварувањето за кучињата птичари се случува во етапи од по 15 минути, а во зависност од расата постојат шест дисциплини

Ловџиското куче постои за да му помага на ловџијата во текот на ловот. Иако е припитомено многу одамна во човечката историја, тешко е да се тврди дека тоа отсекогаш било обучувано за лов. Потребата за класификација на расите што имаат карактеристики токму за овој вид активност се создала кога всушност ловот станал задоволство за човекот. Расите што се познати денес, практично се создавале во текот на неколку века.

Постојат повеќе вида ловџиски кучиња со афинитет за различни ловечки задачи, а поделбата е направена според особините, кои најдобро ги искажуваат при ловот.
Но, како што има испити за ловџиите, така постојат и испити за ловџиските кучиња, кои се различни и зависат од намената на расите. За птичарите постојат т.н. теренски проби, кои можат да имаат национален или меѓународен карактер.

Така, на пример, натпреварувањето за кучињата птичари се случува во етапи од по 15 минути, а во зависност од расата постојат шест дисциплини. Тие се: трагање за птичари од англиска раса, француско трагање или пролетна теренска проба (во двојка или поединечно), практичен лов или есенска теренска проба на дивеч (во двојка или поединечно) и кучиња аматери. Најдобрите претставници на секоја раса стануваат барачи, односно трагачи. Секако, постојат и други испити, за да се класифицираат според нивната старост за лов, талентот или квалитетот на дресурата.

Некои од натпреварувањата се всушност и испити за лов на тркачки кучиња, потоа испити во барање крупен дивеч, за лов на јазовци под земја итн. На последниот наведен испит е потребно ловџиското куче да ја пронајде лисицата и да даде сигнал со лаење дека ја нашол, а понекогаш треба и да ја истера од однапред подготвените вештачки дупки, со должина од 15 метри.


Риболов со дрвени црви

Црвите немаат ниту крилца ниту некои други изразени делови од телото,
па затоа е тешко верно да се имитираат, но, сепак, тие се идеални за рибарите почетници

Дрвениот црв со задоволство го земаат пастрмката, кленот шкобалот, мрената, бабушката, крапот, но и многу други видови риба. Ловот со дрвени црви е можен во секоја доба од годината и во секаква вода, бавна и брза, плитка и длабока.
Повеќето мушичари сметаат дека не постои имитација на дрвен црв со кој може секогаш и секаде да се лови, но ова тврдење се смета за неточно, односно дека сепак постои универзална имитација. Речиси секоја риба ќе ја зграби оваа дрвена имитација на црв, но, сепак, постојат неколку услови што треба да се исполнат, а тие се имитацијата да биде што поверно врзана во неколку варијанти, како и нејзините бои, и да им биде правилно понудена на рибите во водата.
Точно е дека повеќето црви не живеат во вода поради немањето развиени нозе со кои цврсто би се држеле за подлогата. Токму од тие причини тие и паѓаат во водата и стануваат лесен плен за рибите. Црвите по изгледот не се убави како некои нивни имитации, но кога се зборува за универзални имитации, како материјал за изработка може да послужи конец, неколку нијанси на жолта, портокалова, црвена, бела, кафена боја, потоа латекс-ленти, еластични гумички, памук итн.
Црвите немаат ниту крилца ниту некои други изразени делови од телото, па затоа е тешко верно да се имитираат, но, сепак, тие се идеални за рибарите почетници. За основно врзување на дрвениот црв е потребно да се има жица или самолеплива оловна фолија, од која се сечат ленти за затегнување, бакарна жица, конец во горенаведените бои и смола. На јадица со големина 8-18 мм најпрво се намотува малку конец, а потоа јадицата се замотува со оловна жица. На задниот дел од имитацијата може да се додаде и малку црвен конец, за да се зголеми нејзината атрактивност, и се завршува со врзување во јазол. На крајот се нанесува тенок слој смола и имитацијата, односно дрвениот црв е подготвен како мамка за риболов.
Треба да се знае и дека во повеќето случаи рибата ја игнорира имитацијата ако таа стои во место, па затоа е пожелно малку нејзино анимирање со кратко но енергично повлекување на конецот, со што ќе ја предизвика рибата, која, пак, може да биде оддалечена и неколку метри. Рибите што се хранат на површината од водата, особено кленот, обично веднаш, уште додека не потонала, ја земаат имитацијата. Универзалните црви се одлични за во брзи води, а речиси незаменливи во ловот на пастрмките.