Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Центар и Илинден, поради планирани се технички зафати во електро-системот, информира „ЕВН“.
Корисниците од село Кадино, околу маркетот „Деби“ и во дел од улица „11“, ќе останат без струја во време од 8.15 до 15.30 часот.
Во периодот од 8.30 до 13 часот, без струја ќе бидат киосците и другите објекти на булевар „Кочо Рацин“ пред Олимписки Базен, во општина Центар.