Во Ирак денеска 19 руски државјанки се осудени на доживотен затвор поради што се придружиле на Исламска држава, јави ирачката сателитска телевизиска мрежа „Алсумариа“.
Руската амбасада се уште не ја коментираше пресудата за Русинките.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова пред 10 дена изјави дека 11 Русинки, заедно со нивните деца се притворени во Ирак. Тие беа приведени минатото лето.