Основното јавно обвинителство Скопје ќе спроведе истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. на двете лица им е одредена мерка притвор.
-Лицата, по претходен договор, во станот во кој престојувале, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога и психотропни супстанции. При претрес на домот, на 18 февруари 2019 година, од страна на овластени службени лица биле пронајдени: 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц со волумен од 2 мл, амфетамин со вкупна нето маса од 28,47 грама, осум таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги – се вели во соопштението од Јавното обвинителство на РМ.
При претресот, на местото на настанот било затекнато уште едно лице, кај кого биле пронајдени 0,37 грама амфетамин кои што му ги продал еден од осомничените.