Министерството за правда на Грција сѐ уште е без одговор на барањата за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, што се клуч во судскиот процес, вели за дневниот весни „Етнос“, министерката за правда, Рената Дескоска од Солун, по учеството на првиот „Thessaloniki Regional Forum“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Неколку пати, официјално го испративме нашето барање до Министерството за правда на Грција, но не добивме никаков одговор од грчкиот министер. Последен пат кога испративме документ беше минатиот ноември, а се очекува одново да го поставиме прашањето до грчките власти. Двајцата се клуч за судскиот процес на Груевски- вели Дескоска за „Етнос“.
Во мај минатата година, Врховниот суд на Грција, повикувајќи се на амнестијата од претседателот Иванов, го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски.