Малку калории, малку масти и малку јагленихидрати се најчестиот совет за витка става. И мажите и жените често се одлучуваат да консумираат нискокалорична храна за побрзо да ослабнат, со што практично се изгладнуваат, пишува Индепендент.
Многумина после таква диета нема да признаат дека килограмите веднаш им се вратиле и тоа повеќе отколку што изгубиле.
-Нашиот мозок всушност ја контролира нашата маса, нашиот метаболизам и гладот. Студијата спроведена во изминатите 50 години покажува дека хипоталамусот е одговорен за тоа колку се дебелееме и слабееме. Нашиот мозок има јасна идеја за тоа колку сме дебели и сака да ги премости и саботира сите обиди за слабеење. Тоа е причината зошто голем број на луѓе после голем губиток на килограмите повторно се враќаат на исто. Тоа е таканаречениот јо-јо ефект- вели доктор Џејсон Мекejн, еден од најпознатите невролози во Британија.
Тој вели дека нискокалоричните диети ( кои ги нарекува изгладнувачки ) се однапред осудени на пропаст. Тврди дека слабеењето всушност е многу поедноставно на хартија, бидејќи нашиот мозок навистина работи против нас. Станува збор за милениумска еволуција која се обидуваме да ја „поништиме“, пренесува Експрес.
-Нашиот мозок знае точно на која килажа е среќен. Единствен начин на кој може да влијаете на изгледот и здраво да слабеете е да го „ресетирате мозокот“, вели неврологот.
Најубаво е бавно и постепено да го намалувате внесот на шеќери, да ги намалувате количините на оброците и паралелно со сето тоа да вежбате. Брзи решенија нема, или не се здрави, заклучува Мекејн.