Во рамките на „Бит фест“ утре во Битола свечено ќе биде отворено шеснаесетото издание на Балканскиот етно фестивал„ Локум фест 2022.
Локум фест е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародиш го има во старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон истата. Битолската чаршија синоним за занаети, еснафи, мултикултурализам и секако за кафе со локум како синоним за средба, со години се празни, а објектите ги јаде времето.
Отаму и е мотивот и идејата за фестивал кој ќе ги спои во еден концепт:музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство.
Музичкиот концепт промовира македонски ансамбли кои негуваат стилови на традиционална музика
Ова година фестивалот ќе почне на платото на Офицерски дом со македонската етно група „Монистра“ кои одбележуваат 20 години постоење.
Потоа ќе настапии групата од Бретања-Франција, PLANTEC, а ќе биде промовиран ладино албумот на американката Сара Ароесте „Монастир“ посветен на Битола, со музичари од Израел и Македонија, а вечерта ќе заврши со играње и пеење на балканска музика со познатата храватско-шведско-македонска група „Афион“.
Дел од фестивалот ќе се одржи во старата битолска чаршија каде се предвидени работилници за музичко новинарство и промоција на магазинот „Етноумље“, со гостите од Србија, како и Саем на ракототворби со ЗУР „Македонски ракотоворби“ и изложбата подготвена од нашите партнери Државен архив – одделение Битола, насловена како „Данабаш низ архивскиот материјал – Раскошот и проклетството“.
Во музичкиот дел ќе настапи пензионерското пеачко друштво „Сирма Војвода“ од Битола, тајфата „Антико“ и специјалните гости , џипси – ска бендот „Gipsy Groove“.
„Локум фест“ е финансиран од Министерство за култура како проект од национално значење и општина Битола.
М.М.