Фото: М.М.

Денеска официјално стартува детската филмска програма во „Киното Манаки“ Битола, кое работи во составот на Културниот информативен центар – Битола. Филмовите се внимателно селектирани и наменети  за детската возраст.
Првата филмска проекција започнува со филмот „Стакленото момче“ од Самуеле Роси.

Инаку да потсетиме Киното Манаки, кое обновено на Широк Сокак е реплика на познатото кино на браќата Манаки, кои се пионери на филмската камера на Балканот.
-Тоа е опремено со најсовремена кино опрема и услови за проекции, што ги зголемува потенцијалите на Општина Битола и Културниот информативен центар Битола, за промовирање на  кино културата и пренесување на традицијата на следните генерации-велат од ЈОУ Културниот и информативен центар Битола.
М.М.