Рускиот алпинист Александар Гуков од Санкт Петербург, кој речиси една недела без опрема бил заглавен на стрмните падини на планината Латок-1 во Пакистан е спасен и е префрлен во болница, но сеуште е во критична состојба.
– Гуков е спасен и префрлен во болницата во градот Скарду- изјавила Ана Пијунова, координаторка на спасувачкиот тим, која додава дека во операцијата за спасување учествувале два пакистански воени хеликоптери.
Гуков на стрмните пакистански планини бил заглавен заедно со Сергеј Глазунов од Иркутска, кој во меѓувреме паднал и починал. Гуков успела да се искачи до површина на која може да стои, на висина од 6.200 метри, а таму останал скоро без никаква опрема бидејќи повеќето опрема што ја имале ја изгубиле кога неговиот партнер паднал.
На сајтот на Планинарскиот сојуз на Русија е објавено дека Глазунов и Гуков биле меѓу учесниците на експедицијата која планирала да се искачи на врвот Латок-1 во Пакистан оваа лето, поради снимањето на филмот „Ништо не е невозможно засекогаш“. Овој тим и порано сакал да се искачи на врвот на оваа планина во 2017 година, но не успеал поради лошите временски услови.
Планината Латок-1 е дел од планинскиот венец Каракорум во Пакистан, а висока е 7.150 метри. Алпинистите во описот на својот проект, на платформата преку која собирале пари за експедицијата, навеле дека никој претходно не успеал да се искачи на врвот на оваа планина од нејзината северна страна. Во летото 1978 година, група американски алпинисти се искачиле на висина од 7.000 метри, но биле приморани да се симнат.