Познатиот актер Колин Фарел неодамна си ја отвори душата и раскажа во кој момент решил да го промени животот и што го натерало да се опорави од зависностите со кои долго време се борел. Имено, тој признал дека пиел околу три шишиња виски, 12 шишиња црвено вино и 60 литри пиво неделно, пред да направи пресврт во животот и да се отрезни.
-Џејмс имаше две години кога се отрезнив – изјави Колин Фарел за Дејли Меил.
Како што објасни, на неговиот сега 20-годишен син Џејмс тогаш му бил дијагностициран Ангелман синдром, ретко неврогенетско нарушување кое влијае на нервниот систем и предизвикува развојни и интелектуални тешкотии.
Џејмс е едно од оние деца со Ангелман синдром кои имаат потешки симптоми, поради што нема вербална комуникација и не може да живее без помош на негувател, кој му помага во секојдневните задачи.
-Дел од „горивото“ што го користев за да се симнам од алкохолот, дрогата и сето тоа потекмуваше од сознанието дека тој има здравствени проблеми. На децата им требаат родители или баби и дедовци или некој друг – да се грижат за нив. Една од работите што ме научи Џејмс беше да пристапам во себеси до желбата да живеам, дури иако на почетокот се работеше повеќе за тоа да мислам дека сакам да живеам само за да бидам блиску до него – се сеќава Фарел.
Поради се што поминал со својот син, овој 48-годишен актер решил да основа фондација за возрасни со интелектуална попреченост за да им помогне барем на некој начин.
-Сакам светот да биде добар со Џејмс. Сакам светот да се однесува со него со љубезност и почит – изјави тој за магазинот „Пипл“ на почетокот на август оваа година.
Фондацијата именувана по Колин Фарел се фокусира на лицата со посебни потреби во моментот кога ќе наполнат 21 година и ќе ја изгубат сета помош што им беше на располагање дотогаш.
Тој го доби синот Џејмс Колин со поранешната девојка, канадската манекенка Ким Борденејв, а покрај него го има и 15-годишниот син Хенри (на фотографијата) со актерката Алишја Бахледа-Куруш, со кого неодамна се појави на премиерата на неговата нова серија „Пингвин“ во Њујорк.