Успешниот проект реализиран помеѓу фолккорниот ансамбл „Тиквеш“ и посебните паралелки со деца со посебни образовни потреби при ООУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци ја пишува историјата на започнувањето на првиот регионален фолклорен фестивал кој ќе го носи истото име како и проектот „Фатени за раце го менуваме светот“.
Фестивалот ќе се случи вечерва во домот на културата „Иван Мазов Климе“ со почеток во 19 часот а во него ќе земат учество фолклорни ансамбли и лица со посебни образовни потреби од Велес, Штип, Неготино и градот домаќин Кавадарци.
Според идејните творци на овој прв фолклорен фестивал од ваков вид во Македонија, а тоа се Зоран Велков дефектолог во основното училиште „Страшо Пинџур“ и Методи Глигоров етнокореолог во ансамлот „Тиквеш“ при домот на културата, учесниците на фестивалот ќе имаат подеднаква можност со неколку точки да покажат што знаат и умеат и тоа заеднички на сцената вистински потпомогнати од прекрасната македонска народна музика и фолклор.
На фестивалот ќе настапат учениците од основното училиште за деца со посебни образовни потреби „Маца Овчарова“ и КУД “Коле Неделковски“ од Велес, учениците од средното училиште за деца со посебни образовни потреби „Искра“ и КУД Ристо Донев-Учителот“ од Штип,деца од Дневен центар за лица со посебни потреби и КУД „Јане Сандански“ од Неготино и учениците од посебните паралелки при ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци заедно со фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ .
Овој прв фолклорен фестивал „фатени за раце го менуваме светот“ е подржан од домот на културата „Иван Мазов Климе“ во кавадарци, ОУ „Страшо Пинџур“ и градоначалникот и советот на општина Кавадарци.
М. Мукаетова