Фото: Пиксабеј

Шпанецот Емилио Лускињос Мартинез, кој доби 1,2 милиони евра на лотарија, е пронајден мртов во својот дом во градот Коруња, соопшти денеска локалната полиција.

Имено, 68-годишниот Мартинез освоил 1,2 милиони евра на шпанската лотарија Бонолото пред три месеци, а неговите пријатели повикале полиција откако неколку дена не можеле да стапат во контакт со него. Противпожарните екипи и полицијата го пронашле во неговиот дом во Коруња, а лекарски тим констатирал смрт на местото на настанот, пренесува порталот 20минутос.

Сè уште не е позната точната причина за смртта, но во моментов се верува дека Мартинез починал од природна смрт. Според порталот, Мартинез немал семејство, а откако добил лотарија, ги поканил пријателите на вечера, а потоа купил билети за мечот на фудбалскиот клуб Депортиво во Тенерифе во декември. Исто така купил и билети за натпреварот на ФК Малага оваа недела.