Фото: Пиксабеј

Снабдувањето со електрична енергија низ Шри Ланка вчера згасна, оставајќи ги сите 22 милиони жители на островот без струја. Мајмун кој упадна во електрана јужно од главниот град Коломбо е виновен за џиновската несреќа.

-Еден мајмун дојде во контакт со нашиот мрежен трансформатор, предизвикувајќи нерамнотежа во системот – изјави за новинарите министерката за енергетика Кумара Јајакоди.

Снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува, а приоритет се болниците и станиците за третман на вода.

-Националната електрична мрежа е во толку ослабена состојба што може да се очекуваат чести прекини на електричната енергија низ островот доколку дојде до прекин дури и на една од нашите линии – рече неименуван висок инженер, цитиран од агенциите.

-Само во Шри Ланка група мајмуни кои се тепаат во електрана може да предизвикаат прекин на струја на целиот остров – пишува главниот уредник на весникот, Џамила Хусеин.

Шри Ланка (поранешен остров Цејлон) доживеа чести прекини на струја за време на тешката економска криза во 2022 година.