„Нова Македонија„ интегрално ја објавува промотивната реч или Малиот есеј на проф. д-р Агим Пољоска од катедрата за Албанистика на Филолоскиот факултет” Блаже Конески” во Скопје, филолог кој повеќе децении се занимава со компартивни истражувања меѓу македонската и албанскта книжевна традиција, посветен на романот „Осмото светско судо“ од Јордан Плевнеш, објавен на триесетина јазици во светот.

„Ми претставува посебна чест и задоволство, што пред Вас, вечер овде во Културно-информативниот центар на Македонија, во Тирана го промовираме романот на познатиот македонски писател, Господинот Јордан Плевнеш, во превод на албански јазик “Mrekullia e tetë botërore” („Осмо светско чудо”).
Објавувањето на романот на Ј. Плевнеш на албански јазик, секако, претставува многу значаен културен настан за пошироката пошироката културна и научна јавност на балканските простори. Имено, преку преведувачкиот чин на литературните дела од македонски на албански јазик и обратно, читателите ќе имаат можност непосредно да се запознаат со книжевните, уметничките, естетските, јазичните и културните вредности и достигнувања. Да се занимаваш со книжевниот превод нималку не е едноставна и лесна работа. Но, сепак, јас како преведувач на романот, но, истовремено, и како емпириски и модел читател, направив декодификација на пораката на авторот. Романот го прочитав неколку пати со единствена цел да ја доловам идејата, содржината, целта и пораката на авторот, навлегувајќи длабоко во магичниот свет на авторот, ликовите, настаните, местата и сл. Додека, Вие почитувани дами и господа како емпириски и моделни читатели, откако ќе го прчитате романот на албански јазик ќе ни раскажувате дали е достојно пренесена пораката од македонски на албански јазик. Ако имате некоја примедба, повторно ќе бидам принуден да се навратам во читањето на бескрајниот наративен свет на уметничкиот збор на писателот, укаѓувајчи и на комуникативните импликации на пораката и во областа на вонлогиката, фиктифноста, фикцијата…

Пред да кажам неколку збора за романот на Ј. Плевнеш, дозволете ми на кратко, да ги изнесеме и некои оценки на угледни критичари на уметничкиот збор. Така Р. Силјан, меѓу другото ќе стакне дека “ Творечката опсесија на Јордан Плевнеш длабоко понира во духот на Македонецот, оставен на историските ветрометини, деградиран, унесреќен, недоречен. Неговиот збор силно задира во човечките дамари, копка во нашата совест, иритира, предизвикува на активна размисла…драмите на Плевнеш поставуваат мноштво прашања, тесно сврзани со нашиот бит, длабоко врежани во ткивото на целокупната македонска судбина”. И токму поради ова, преку ова дело албаснкиот читател непосредно ќе се запознае за некои посебности на македонската традиција, на овој народ со кој дели многу заеднички судбини. Сто четириесет и шест страници на романот на број не се многу како бројка, но во простор и време е десетпати поголем. Низ страниците на романот “Осмо светско чудо”на писателот Ј. Плевнеш читателот открива низа уметнички, естетски, јазично-стилски и книжевни вредности, пропратена со мошне богата наратолошка структура. Со други зборови, романот на Ј. Плевнеш се одликува со богат филозофски и онолошки дискурс, елоквентен израз, во духот на народен мудрец, со многу едноставна и јасна мисла. Со овој роман, Ј. Плевнеш, несомнено, докажува и покажува дека и даде модерна продуктивна ориентација на современиот македонски роман, која по ништо не заостанува зад она што доминира во современиот свет. Во оваа прилика, треба да ја нагласиме интернационалната, интербалканската, интермедитерамската и интеревропската димензија на романот, што на некој начин сведочи за “ реализмот” во автоперцепцијата што авторот Плевнеш го поседува за сопственото “ постоење” на овие балкански простори и стремежот да се вклопи во европскиот и светскиот културен, книжевен и јазичен код, настојувајќи ги да ги обедини во еден сложен дискурс книжевноста, уметноста, културата и јазикот. Сиот овој багаж на авторот е надграден и збогатен од народната традиција на македонскиот народ, фолклорот, книжевноста и на своите современици (Б. Миладиновци, Г. Прличев, Ж. Чинго, Г. Тодоровски, Б. Конески, П. М. Андреевски и др.). Авторот употребува еден богат јазик, речник и стил препознатлив на неговите креативни, интелектуални, и духовни вредности. Сите овие карактеристики во неговиот роман се доследно интерпретирани и пренесени на албански јазик, такашто и албанскиот читател ќе има ретка можност да ужива во содржината и структурата на ова дело.

Начинот на раскажувањето е типично постмодерна и целината на идеите на раскажувачката постапка е раководена, меѓу другото, и од есеистички стил, во кој главните протагонисти и ликови дефилираат како тројца Александри, кои симболизираат три периоди од човеѓтвото: Раниот среден век – времето на Диоклециан, Александар Велики, на Македонија), Доцниот среден век (времето на Скендербег) и денешно време Александар Симсар, главниот лик на делото). Авторот со исклучително мајсторство и библиски, митолошки и филозофски пристап ни ги опишува постапките на Боговите, Богот тотем на Диоклециан и на Исус Христос. Ова тема/идеја, на крајот на краиштата, не го опфаќа само ликот на Симсар, туку и другите ликови, преку кои авторот сака да го“совладува” лошото. Сето ова не упатува да размислуваме дека ниту еден творец не може да создаде дело ако не го зема в предвид животот. Бидејќи, како што истакнува теоретичарот Едуит Мјур, кога вели: “ Романот е како животот”…ова, секако важи и за писателот Плевнеш, бидејќи ова го забележуваме од содржината, од самата природа на раскажувањето на авторот, преполна со предизвици, искуство, од својот живот, на семејството, роднините, пријателите и др.

Неуморен во своите уметнички, книжевни и културолошки истражувања, авторот Ј. Плевнеш, свесно или несвесно, можеби воден над се и пред се од потребата да ја задоволи својата жед за пишување, ни разоткрива една силна животна приказна, една вистинска меморија, како жив спомен на обичниот човек, талкачите на нашите балкански простори….Раскажувањето на авторот ни звучи како романесна кроника, воведувајќи го чутателот во предизвиците на животот преполн со перипетии, падови, успони, успеси, турбуленции…Ј. Плевнеш поседува една огромна творечка енергија. Во неговиот роман Осмо Светско Чудо ги става во активна комуникациска и дијалошка врска авторот – раскажувањето и читателот. Сиот свој арсенал и наратолошки дискурс авторот го постигнал благодарение на своето богато интелектуално и творешко искуство. Ромнот на Ј. Плевнеш објавен на албански јазик може слободно да се смести во балкански, медитерански, европски и светски културен код. Во оваа пригода, сакам да им се заблагодарувам на авторот и издавачот од Приштина, Армагедон.“