Поради позитивните тестови за ковид-19 Џулијана Рансик и Вивика А. Фокс, двете водителки на шоуто за наградите „Еми“ не присуствуваа и не ја водеа церемонијата. Нина Паркер и Бред Горески беа домаќини на годинашното шоу, наместо нив, објави „Дејли мејл“.
Рансик на социјалните мрежи откри дека целото нејзино семејство е позитивно на ковид-19.
– Работам како водителка 20 години и никогаш не сум пропуштила ниту една церемонија на доделување награди, но оваа година е поинаква – напишала Рансик.
Таа работи за медиумската куќа „И ентертејмент“, која сите вработени ги тестирала за коронавирусот пред да присуствуваат на доделувањето на наградите.
Рансик објаснила дека е благодарна што дознала дека е позитивна пред да патува и да ги изложи другите луѓе на опасност од болеста. Но и дека нејзиниот сопруг Бил и синот Едвард, кои исто така позитивни, се чувствуваат добро.
ВивикаФокс која исто така е позитивна на тестот за ковид-19. Таа објавила
– Многу ми е жал што не можам да бидам со моето семејство од „И ентертејмент“. За жал и јас сум позитивна на на тестот за ковид-19, затоа сега сум во домашна самоизолација. Во текот на овие непредвиливи времиња, поважно е од кога и да е, да ги почитуваме сите правила и упатства за безбедност и здравје, како би се заштитиле себеси и другите – објавила Фокс, честитајќи им на сите номинирани за наградите „Еми“.