Патики на Мајкл Џордан биле главна атракција на меѓународната аукција, на која биле понудени само патики на поранешни кошаркарски ѕвезди.
Патиките на онлајн аукција „Гејмерс онли“, ги понудила компанијата „Содебис“. Претходно патиките биле дел од изложбата во Женева, заедно со накит, часовници и уникатни торби.
Патиките на Џордан од првата сезона во Чикаго Булс (1984/85) биле продадени за 152.500 долари.
На аукцијата за патиките „Андер Армур“, на Стеф Кари од сезоната 2015/2016, биле платени 20.800 долари.