Американскиот пејач и актер Џон Леџенд (40) е најсексaпилен маж во 2019 година по избор на магазинот „Пипл“.
Леџенд е оженет со манекенката Криси Тајген (33), со која има две деца, и е првиот Афроамериканец кој е награден со „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“ за неговото уметничко дело.
– Џон од 1995 година би бил многу збунет што ја доби титулата по Идрис Елба. Џон од 2019 година е речиси еднакво збунет, но му благодарам на магазинот „Пипл“. Сега сите ќе ме гледаат под лупа за да дознаат дали сум навистина доволно секси за вакво нешто. Патем, јас бев избран по Идрис Елба, што не е фер и не ми се допаѓа многу – рекол пејачот за „Пипл“.