По пауза од неколку години Анџелина Џоли се враќа на филмското платно. Овој пат во продолжението на новиот филм „Злобница: Господарка на злото“.
Овој пат таа е мајка на невестата Аурора. „Дизни“ објави нов трејлер за „Злобница“, која ја прикажува злобната самовила, која се обидува да им наштети на претстојните сватови на Аурора и принцот Филип. Трејлерот исто така открива дека Злобница не е сама на светот.
Првиот дел од „Злобница“ беше објавен во 2014 година и раскажа малку поинаква верзија на приказната за „Заспаната убавица“. Анџелина Џоли ја играше улогата на злобната самовила, која првично беше една од добрите, но откако стана кралица, се претвори во чудовиште. За да му се одмазди на човекот што ја разочарал, таа одлучи да ја убие неговата ќерка, Аурора. Улогата на девојчето ја одигра Ел Фенинг, која одлично се снајде во актерството.
Филмот доживеа неверојатен успех и меѓу возрасните и кај децата, па „Дизни“ одлучи да направи продолжение, така што Џоли на екранот се враќа повторно како страшната вештерка.
Новата приказна се одвива пет години по настаните во првиот филм и ја прикажува врската помеѓу Злобницата и Аурора, како и првите љубовни чувства на девојката. Во филмот се појавува и Мишел Фајфер како кралицата Ингрид, мајката на Филип, принцот во кој се вљубува Аурора.