Американската актерка Џилијан Андерсон (52) открива дека имала два гласовни тренери со кои вежбала во темни и напуштени простории за да се подготви за улогата во популарната серија „Круна“ во која ја глуми поранешната британска премиерка Маргарет Тачер. Андерсон во интервју за „Дејли мејл“ открива како е да се портретира една од најголемите политичарки на минатиот век, во серија чија четврта сезона се емитува моментно.
– Кога ја снимавме „Круна“, ќе земев едно столче и ќе седнев во темен ќош за да се трансформирам целосно во Тачер. Морав да бидам сама и да си визуелизирам дека сум на некое друго место – вели Андерсон.
Чувствувајќи се оддалечено од својот препознатлив глас, таа во изјава за „Сан“ објаснува дека „сосема лесно е да се имитира гласот на Тачер, што го отежнува идентификувањето со неа. Се работеше на тоа да се најде една рамнотежа, но во исто време да се разбере која е таа и како работи“.
Ѕвездата на „Досиеја икс“ признава дека никогаш не би го прифатила товарот на функцијата со кој се соочувала Маргарет Тачер.
– Во моментот кога го облеков нејзиниот костум, се поистоветував со моќната државничка, што многу ми помогна да ја доловам улогата – објаснува Андерсон.