Двата мали роботи на кои јапонско вселенско летало „Хајабуса 2“ ги испрати на астероидот Ријугу, денеска ги испратија првите фотографии и податоци од вселенското тело, во рамките на истражување кое може да помогне во изучувањето на потеклото на Сончевиот систем.
Јапонската агенција за истражување на вселената во петокот соопшти дека два ровери „Минерва-II“ слетаа без екипаж на астероидот Ријугу. Леталото се доближи до астероидот во јуни, на околу 280 милиони километри од Земјата.
Двата роботи треба да направат фотографии и да ја измерат температурата на астероидот, а за во октомври е предвидено да се испрати поголем ровер.
Леталото „Хајабуса 2“ е лансирано во декември 2014 година, а треба да се врати на Земјата на крајот од 2020 година.
Ова е првпат вселенски брод да успее да спушти роботски ровери на површината на еден астероид. Астероидите во основа се останати материјали кои потекнуваат од формирањето на Сончевиот систем, пред 4,6 милијарди години.