Кога Шведската академија на науките вчера објави дека американските економисти Пол Милгром и Боб Вилсон се добиници на Нобеловата награда за економија, и двајцата биле во длабок сон во своите домови во Стенфорд, Калифорнија, пренесува „Гардијан“.
Сепак, комитетот некако успеал да го добие Вилсон и да му ја соопшти среќната вест. Но, Милгром никако не успеале да го контактираат. Така, останало на Вилсон, кој по некоја случајност е близок сосед на Милгром, по пижами да се упати до вратата на неговиот поранешен студент и да му ја соопшти веста за наградата во висина од еден милион долари. Вилсон затропал неколкупати на вратата и заѕвонил на домофонот.
– Пол, Боб Вилсон е. Ја доби нобеловата награда за економија. Тие се обидуваат да те добијат на телефон. Но, не можат. Изгледа дека го немаат твојот број – рекол Вилсон.
Сопругата на Милтон, Мери, му го подала нејзиниот мобилен и го потсетила дека тој им го дал бројот од домашниот телефон. „Ќе одговориш ли веќе на повикот?“ му рекла неговата сопруга.
Испаднало дека неколку минути порано, универзитетот „Стенфорд“, се обидел да го добие Вилсон, кој, во раните утрински часови, го исклучил домашниот телефон. Затоа, Нобеловиот комитет решил да ја побара неговата сопруга Мери. Подоцна, Милгром објаснил како се одвивале работите од негова перспектива.
– Спиев и ѕвончето заѕвони во два часот наутро. На екранот го видов лицето на Боб, тој тропаше на вратата и ми велеше дека се обидуваат да ми се јават, дека сме добитници на Нобелова награда, што е прилично добра и пријатна вест – изјави Вилсон за „Ројтерс“.
Милгром е дипломиран студент на Вилсон од 70-тите години на минатиот век и тие оттогаш работат заедно. Милгром, исто така, е трет студент на Вилсон кој освоил Нобелова награда.
– Тие ги искористија своите увиди за да дизајнираат нови формати на аукција за стоки и услуги што е тешко да се продадат на традиционален начин, како што се радиофреквенциите. Од нивните откритија корист имаат продавачите, купувачите и даночните обврзници ширум светот – се наведува во соопштението на Шведската академија на науките.