Мет Дејмон, Кејт Винслет, Лоренс Фишбурн и Џенифер Ехле повторно се собраа по цели девет години. Актерите во филмот „Зараза“ (Contagion) се сретнаа за да помогнат во борбата против ширењето на дезинформациите за пандемијата на коронавирусот, кои со светлосна брзина се шират на интернет.
Познатата четворка испрати важна порака до целиот свет, пренесе магазинот „Ролин стоун“.
Филмот „Зараза“ премиерно беше прикажан во 2011 година, но сега повторно стана актуелен поради сличноста на темата што ја третира со она што во моментот му се случува на светот.
– Дезинформациите и погрешните совети поврзани со вирусот ковид-19 молскавично се шират низ светот, со посредство на социјалните мрежи. Затоа сакаме да придонесеме за нивно сузбивање – велат глумците.
Секој од нив сними посебно видео и секој дава посебен совет. Така, Мет Дејмон им советува на луѓето како да одржуваат физичка дистанца од другите лица. Винслет објаснува како правилно се мијат рацете и се одржува хигиената. Ехле, пак, дава корисни совети за тоа како да се зачува доброто здравје периодов. Фишбурн објаснува како да се помогне во намалувањето на бројот на заболените од коронавирусот во светот.