Здрава храна
Салатите се одличен избор за здрав оброк, но според она што го ставаме преку зелените листови се разликува здрава од тешка салата. Идеалната салата треба да биде урамнотежена и да содржи четири-пет додатоци, кои даваат различни вкусови и нутриенти. Но не мора да бидете нутриционист за да направите совршена комбинација, а за почеток избегнувајте ги следните додатоци:
Пржени и похувани додатоци: пржен кромид или тортилја-чипс ќе ја претворат вашата салата во нездрава храна, а ќе додадат и повеќе калории и преработени јаглехидрати.
Сланина: не само што е богата со маснотии туку само две парчиња сланина содржат околу седум грама маст и приближно 100 калории. Преработеното месо сѐ повеќе се поврзува со рак на дебелото црево. Затоа, сланината заменете ја со пилешко.
Сирење: освен маснотии, сирењето содржи многу калории. А ако веќе не можете без сирење, во салатата додајте многу помало количество од вообичаено.
Преливи за салати: крем-преливите за салати содржат калории, шеќер, вештачки состојки, заситени масти и натриум.
А она што секоја салата треба да го има е лимон, кој содржи витамин Ц и помага во апсорпцијата на железото од зеленчукот, додека маслиновото масло е извор на витамин Е и на здрави масти.