Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продадено на аукција на Сотбис во Њујорк за рекордни 558.000 долари, што претставува нов светски рекорд. Крајната цена е 17 пати повисока од првичната понуда од 32.000 долари, соопштија од аукциската куќа.
Romanee-Conti е најпознатото вина од француската област Бургундија, а продаденото шише е едно од 600-та примероци произведени таа година.
Досега рекордот го држеше шишето вино „Chateau Lafite Rothschild” од 1869 година, кое е продадено за 233.000 долари на наддавање во Хонк Конг во 2010 година.