Познатата хип-хоп група „Чиста околина“ го објави првиот албум по пауза од 25 години, „Avant-garde fatiguée“, издаден од „Филтер лејбл“.
Албумот со 10 песни во времетраење од 33 минути, претходно беше најавен преку сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“. Меѓу бројните гости во новото издание се Таневски, „Бернајс пропаганда“, ЛД Пистолеро, Смилен, Диџеј Гоце и Сеад Хаџиќ-Сецко.
Станува збор за првиот од трите албуми кои пионерите на македонскиот хип-хоп планираат да ги издадат во наредниот период.
Единствениот досегашен албум на „Чиста околина“ беше „Новиот аспект на старата школа“ од 1996 година.