Во овошјето нема додатен шеќер, но дали знаете колку всушност внесувате „слатко“ кога јадете овошје?
Природниот шеќер (како фруктоза) е секако подобар од вештачкиот, но веројатно не знаете точно колку шеќер консумирате со секој кашест сок или овошна салата. Дознајте кои пет овошја содржат најголемо количество шеќер.

Личи (азиска цреша)
Со дури 29 грама шеќер по чаша, ова егзотично овошје е вистинска шеќерна бомба. Меѓутоа, ако го консумирате умерено, ќе добиете и повеќе од доволно дневно количество калциум.

Смокви
Смоквите изгледаат како луксузно овошје со причина – една чаша свежи смокви содржи исто количество шеќер како и една чоколада. Но за разлика од слатките, смоквите се исто така богати со растителни влакна и со калиум.

Манго
Мангото е вистинско летно овошје, а една чаша манго содржи околу 23 грама шеќер. Но истото количество манго исто така ќе ви обезбеди третина од дневната потреба на вашето тело за витамин А и со тоа ќе помогне во одржување на здравјето на вашите очи.

Цреши
Една чаша цреши содржи 18 грама шеќер, па не е ни чудо што честопати им се нафрлуваме на црешите како да се бонбони. Но добрата вест е дека црешата може да ви помогне да спиете подобро.

Грозје
Чаша црно, како и бело грозје, содржи околу 15 грама шеќер, многу растителни влакна, а црното грозје е исто така богато со разни антиоксиданти.